среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Наместо ОЈО, МВР се заинтересира зa сомнежот за кpиминал во 4 очи на градоначалникот?

Наместо ОЈО, МВР се заинтересира зa сомнежот за кpиминал во 4 очи на градоначалникот?

Од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп пред два дена преку прес конференција информираа за сомнеж за сторен криминал од градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

Се работи за договорите за зимско одржување на улици и патишта кои Јованоски ги склучил за оваа и минатата година.

“До минатата година општината објавуваше тендер за зимско одржување и чистење на улиците и патиштата, услуга која лани граѓаните ги чинела 4.694.630 денари. За оваа услуга минатата година Општина Прилеп склучила договор со фирма од Прилеп, која легално на тендер ги добила парите за услугата. Оваа година пак општина Прилеп, предводена од Илија Јованоски, за истата услуга, без објавен тендер за набавка и со истата компанија склучила договор преку постапка на непосредно договарање, или познато како договор во четири очи.

Значи повторувам, за истата услуга зимско одржување на улиците и патиштата, Јованоски потпишал договор со истата фирма, но во висина од 7.031.041 денар. Како е можно истата услуга оваа година да чини околу 2,5 милиони денари повеќе?

Зошто Јованоски се дрзнал да склучува милионски договор без тендер и на ваков начин да се расфрла со парите на граѓаните?

Дали конечно ќе реагира Основното јавно обвинителство и по допрен глас ќе го истражи овој случај?” – истакна на прес конференцијата Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Според сознанијата до кои дојде Маркукуле, неофицијално Секторот за економски кpиминал при Полициската станица Прилеп, го разгледува случајот.

Како ќе се развива овој случај и дали МВР ќе преземе понатамошни дејства останува да видиме во периодот кој следи.

Најнови вести