понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Демир: Средствата наменети за поддршка на Декадата и Стратегијата за Роми e НАМАЛЕН за 34%

Демир: Средствата наменети за поддршка на Декадата и Стратегијата за Роми e НАМАЛЕН за 34%

На владината седница одржана на 15-ти мај 2020 година, Владата на Република Македонија донесе уредба за изменување и дополнување на буџетот за 2020 година со цел да одговори на потребите на новонастанатата криза со вирусот CIVID19. Со новиот ребаланс на Буџетот средствата наменети за Поддршка на Декадата и Стратегијата за Роми e НАМАЛЕН за 34%, односно од 73 милиони денари (1,2 милиони евра), објави претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Шуто Оризари и кандидат за пратеник Ерџан Демир.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Во рамките на буџетските корисници од приоритетните области од Стратегијата за Роми 2014-2020, направени се следните промени:

• Министерство за труд и социјална политика од 8,330,000 денари (околу 130 илјади евра), е скратен за 26% и истиот изнесува 6,141,000 денари (100 илјади евра)

• Министерство за транспорт и врски од вкупниот планиран буџет од 40,000,000 денари, (650 илјади евра) со ребаланс на буџетот истиот е скратен за 50%, новиот буџет изнесува 20,000,000 денари (325 илјади евра)

• Министерството за образование и наука од вкупниот планиран буџет од 21,982,000 денари, (350 илијади евра) со ребалансот на буџетот истиот е скратен за 15% и истиот изнесува 18,782,000 денари (околу 300 илјади евра)

Кратењето на Буџетот за поддршка на имплементација на стратегијата за Роми исто така е во спротивност со препораките на Европската Комисија, каде што во Извештајот за напредокот во 2019 се нотира дека “останува уште многу да се направи во имплементацијата на стратегијата се со цел поголема интеграција на ромската заедница“.

Во услови кога Ковид19 вирусот предизвика сериозни економски и здравствени последици врз сите, а особено врз Ромската заедница, намалувањето на Буџетот за поддршка на имплементацијата и стратегијата на Ромите уште повеќе ја загрозува позицијата и придонесува за проширување на сиромаштијата кај Ромската заедница.

Најнови вести