понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата повторно излажа: Патот Струга – Ќафасан останува мизерен и опасен

Владата повторно излажа: Патот Струга – Ќафасан останува мизерен и опасен

Патот Струга – Ќафасан и понатаму останува во мизерна и опасна состојба. Од Министерството за транспорт и врски тврдат дека се занимаваат со подготвителните работи, но не даваат конкретен рок кога ќе почне санацијата на овој многу фреквентен пат, пишува АЛСАТ-М.

Во март, кога жителите од регионот објавија дека ќе протестираат или ќе го блокираат патот, директорот на Државни патишта, Зоран Китанов рече дека тендерот ќе биде распишан за 20 дена. Денеска повторно прашавме во ова јавно претпријатие кога ќе бидат подготвени за реализирање на проектот. И повторно и по повеќе од два месеци оттаму велат – тендерот не е готов.

„Во моментов работиме на проектната документација и на нејзино ревидирање. Очекуваме дека за десетина дена ќе заврши тендерот за избор на најповолен понудувач“, наведуваат од ЈП Државни патишта.

Патот Струга-Ќафасан стои уништен со децении, а властите постојано ветуваат дека ќе го рехабилитираат.

Оригиналниот текст на АЛСАТ-М можете да го видите на следниот линк.

Најнови вести