недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

По серијата неуспеси со корона кризата, си даде оставка националниот координатор за здравство

По серијата неуспеси со корона кризата, си даде оставка националниот координатор за здравство

Гоце Чакаровски си поднел оставка од функцијата национален координатор за здравство во Владата.

Во решението што било донесено на владината седница одржана на 22-ри мај се вели дека поранешниот заменик-министер за здравство сам побарал да биде разрешен. Функцијата на Чакаровски завршува на 31 мај, а решението веќе е објавено во Службен весник, пренесе ФАКТОР.

Тој беше заменик министер за здравство до јуни 2018, а потоа битолчанецот стана Национален координатор за здравство како дел од владината реконструкција.

Чакаровски е специјалист по гинекологија и акушерство. Тој е кадар на СДСМ уште од 2009 година.

Најнови вести