Таа ги освои светските модни писти и живее во модна бајка.
Штом погледнете барем една фотографија од Србинката Ана Михајловиќ, ќе сфатите зошто сите ја споредуваат со најпознатитер светски модели.
Има 32 години, а патот кон кариера во модната индустрија го започна во 2002-ра година кога победи на светскиот избор за мис на „Елит модел лук“.
Победата ги отвори вратите до светска кариера. Таа го привлече вниманието на најпознатите светски дизајнери кои сакаа да соработуваат со Ана.
Поради постигнатиот успех, уште на почетокот на кариерата го доби надимакот „Српската Жизел“.
Кралицата на српската мода изгледа навистина прекрасно и сите успеси кои ги постигнала се заслужени.