Драстично зголемување на бројот на заболени од КОВИД 19 по олабавување на вонредните мерки, предупредува Светска банка во најновиот Извештај. Дури и со агресивни мерки за социјално дистанцирање, Македонија треба да биде подготвена да обезбеди 8 пати повеќе единици за интензивна нега од оние кои ги имаме во моментов. Ова е во најдоброто, оптимистичко сценарио – ако се заразат 25 % од населението.
„Дури и ако се заразат само 25 проценти од целокупното население и доколку се спроведе цел опсег на мерки за социјално дистанцирање, капацитетот на единиците за интензивна нега потребен за лекување на тешките случаи го надминува сегашниот капацитет за 8 пати“, пишува во извештајот Светска банка.
Наглото зголемување на бројот на заразени, треба да ги подготви здравствените системи за краткорочен и среднорочен одговор – а недостатоците со медицински кадар и опрема за лична заштита, како и неправилното ракување со истата, преставуваат дополнителен ризик за здравствените работници и самите тие да станат пациенти. Токму поради ова Македонија е оценета со најслаба оценка во однос на подготвеноста на здравствениот систем, во споредба со остананите земји во регионот наведува Светска банка. А токму панедмијата ќе ја зголеми сиромаштијата, невработеноста и заработувачаката на населението. Светска банка прогнозира дека од 55 илјади граѓани, според оптимистичкото сценарио – па до 130 илјади ќе станат сиромашни, ако кризата потрае до крајот на август, или стапката на сиромаштија може да се зголеми до 10%.
Симулациите предвидуваат стапката на сиромаштија да порасне од околу 17 проценти во 2019 до околу 20-23 проценти во 2020 година и од 55.000 до над 130.000 граѓани на Северна Македонија (во зависност од тоа дали кризата ќе трае еден или два квартали) би западнале во сиромаштија. Пред пандемијата, сиромаштијата меѓу работниците во најпогодените сектори беше само 4 проценти, но оваа стапка се проценува да достигне околу 8 проценти во сценариото 1 и 15 проценти во сценариото 2.
Според Светска банка – сиромаштијата, која подразбира живот со помалку од 5,5 долари на ден по член на семејство, меѓу работниците од најпогодените сектори, двојно или тројно ќе се зголеми. Значително намалување на просечниот приход до 12% предвивува банката, а со тоа и намалување на средната класа. Голем дел од оние кои ќе осиромашат нема да добијат никава социјална заштита.
Мерките за заштита на животот имаат негативно влијание и на пазарот на труд. Најголемо зголемување на бројот на невработени има во Албанија, 25% и во Македонија – 11%. Бројката ќе расте по враќањето на иселениците дома, поради загубените работни места во странство.