среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојановски: Ѓорче Петров три години заборавено од власта

Стојановски: Ѓорче Петров три години заборавено од власта

Денес се наоѓаме во населеното место Ново Село.

Ова е едно место кое што е како и другите во Ѓорче Петров три години заборавено комплетно и апсолутно од сите нивоа на власта.

Нема реализирано ниту еден проект, ниту едно ветување не е исполнето.
Токму на ова место може да се увиди дека е една од најголемите градски депонии и може да се согледа работењето на СДСМ во Ѓорче Петров на дело.

Додека во одреден дел од општината се фалат дека реализирале корзо, улица од отприлика 200-тини метри, која што ќе чини близу половина милион евра, која што е направена само и само да го уреди дворот на градоначалникот и на неговата фамилија која што баш во средината на корзото имаат имот тука се наоѓа депонија која што е голема колку 15 фудбалски игралишта, депонија за која што нема надлежен, градот и општината си ја префрлаат топката, каде што самите камиони на општината ја полнат таа депонија, а никој за тоа не одговара иако има сериозни прекршување на законите.

Сакам да кажам дека оваа депонија која што ги труе Ѓорчепетровци и граѓаните на Ново Село брзо ќе биде исчистена, веднаш по обновата на Македонија, ВМРО – ДПМНЕ нема да дозволи вакви проблеми во нашата општина, нема да дозволи да биде познато Ѓорче Петров по тоа што веднаш после Дрисла тука е најголемата градска депонија и навистина ќе почне да реализира проекти што ќе го олеснат животот на граѓаните и во Ѓорче Петров и во Ново Село.

Позади мене можете да видите како изгледа работењето на власта на СДСМ во Ѓорче Петров.

Фејсбук статус на ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров од прес-конференцијата на Бојан Стојановски.

Најнови вести