ПИ Мерките биле презентирани во судот на „најпазарски начин“ вели Јовановски, објаснувајќи дека додека Вилма Русковска презентирала докази за кои тврдела дека се од Охрид, а биле снимени во Скопје и можело да се види таткото на Боки 13 и неговото куче како излегуваат од „Лајт Кафе“.
Не е вистина вели Боки 13, дека тој тргнал кон граничниот премин Богородица за да бега туку тргнал на седум дневен годишен одмор на островот Миконос.
„Не може да бега човек на легален граничен премин, во ек на летна сезона со пет пријатели во автомобил. Така не се бега. За бегство треба поголема организација. Ќе си замине некој за Унгарија и демек овие сега ќе го гонат.“ – вели Јовановски.