петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ова е причината зошто Марин наместо на лице место, држи состаноци во канцеларија и се фали со изградба на училиштето во населба Лисиче (ВИДЕО)

Ова е причината зошто Марин наместо на лице место, држи состаноци во канцеларија и се фали со изградба на училиштето во населба Лисиче (ВИДЕО)

ОК ВМРО-ДПМНЕ Аеродром денеска сподели видеа од моменталната состојба и вистината за основното училиште „Димитар Македонски“.

-Вистината за ОУ “Димитар Македонски”
Ова е причината зошто #ЗлаткоМарин, наместо на лице место, држи состаноци во канцеларија и се фали со изградба на училиштето во населба Лисиче.
Среде бел ден, ниту еден работник, ниту една машина на лице место. Апсолутна тишина.
Руинираните бараки, за жал, најверојатно и наредната учебна година ќе служат како училници.
Три години, а никако да продолжи изградбата на училиштето. Пред секои избори нови ветувања, но и нови лаги од страна на #Марин и #СДС.
#Неспособни
(повеќе фотографии во коментар), стои во нивниот пост на Фејсбук.

Вистината за ОУ "Димитар Македонски"Ова е причината зошто #ЗлаткоМарин, наместо на лице место, држи состаноци во…

Gepostet von ОК Аеродром Вмро-Дпмне am Dienstag, 2. Juni 2020

Инаку во некои медиуми денеска излегоа и информации дека изградбата на новиот објект е во тек, што е сосема невистинито, а доказ се видеата и фотографиите погоре во веста.

Во тек се градежни активности на основното училиште „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче. За изградбата на ОУ „Димитар Македонски“ работен состанок денеска имаа градоначалникот на Аеродром Златко Марин и заменик-министерката за образование Елизабета Наумовска во просториите на Општината.

Како што информираше Наумовска, новиот објект е со површина од 2.840 квадратни метри и со капацитет за 700 ученици во две смени. Училиштето ќе биде опремено со кабинети по современи стандарди, простории за наставниците, за дневен престој и кујна, стои во дел од текстот објавен денеска во дел од порталите.

 

Најнови вести