недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претседателот на Европската народна партија по телефонскиот разговор со Мицкоски: Сите треба да им служат на интересите на граѓаните

Претседателот на Европската народна партија по телефонскиот разговор со Мицкоски: Сите треба да им служат на интересите на граѓаните

Претседателот на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот Совет Доналд Туск денеска оствари телефонски повик со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој дел од тоа што разговарале го сподели преку твит на својот Твитер профил.

„Во мојот разговор денес со Христијан Мицкоски, претседател на нашата сестринска  партија ВМРО-ДПМНЕ разговаравме за ситуацијата со  КОВИД-19 и за политичката ситуација во земјата. Сите треба да им служат на интересите на граѓаните“, напиша Туск на својот Твитер профил.

Најнови вести