вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски ќе го тужи Костадинов од СДСМ поради изнесена клевета на Фејсбук

Арсовски ќе го тужи Костадинов од СДСМ поради изнесена клевета на Фејсбук

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски ќе поднесе соодветна пријава во суд кон портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

-Помина 13:00, Костадин Костадинов – Коки не се извини за клеветите кај него на статус на социјалните мрежи, а пренесен од одредени медиумите, па како што и реков, соодветно ќе биде поднесена пријава до него и на Суд ќе ги докажува измислиците. Во меѓувреме Коки го демантираше и полициската патрола преку изјава за Независниот Полициски Синдикат (НПС) кој излезе со демант за целата ситуација и потврди дека се работи за брутални измислици.
Воедно јавно изјавувам дека ќе поднесам и пријава за следење до МВР, ги собрав соодветните податоци за пријава и очекувам дека ќе биде расветлен случајот околу следењето од страна на МВР. Следење на параполициски структури на СДСМ кон нас е криминал за кој ќе одговарате. Поготово следење на наши најблиски од семејство, никако нема да ви биде простено на никој. ?
Што се однесува до прашањето на Коки, што сум правел во Струмица, еве јавно да му одговорам.
Отидов во Струмица да поразговарам како татко му на Коки банкротирал, а Коки стекна богатство од поприлично многу пари, како стопанот на Коки, Вице Заев сади марихуана и дали му прија климава на плантажите, во чива куќа завршија парите од Рекетот итн итн. Има за криминалната банда Заеви и за тебе Коки како нивни извршител многу да се зборува, ама тоа си е моја работа, јас ќе ви го вадам криминалот.
И на крајот, Струмица е најмалку твоја, а уште помалку на Вице и Зоки. Само ти си нивен – и тоа полтрон. После изборите ќе имаш време да размислиш за ова што сега му го правите на народот, а јас како добар и чесен човек ќе ти помогнам и ако треба. Коки, имаш уште време да скршнеш од патот на Заеви, од кој што и сам знаеш дека идете во провалија, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Помина 13:00, Костадин Костадинов – Коки не се извини за клеветите кај него на статус на социјалните мрежи, а пренесен…

Gepostet von Dimsa Arsovski am Montag, 8. Juni 2020

 

Најнови вести