Денес продолжи случајот на СЈО популарно наречен шамарите во центар. Како сведок беше повикан поранешниот градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски.
Нему му поставуваше прашања пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, а тогаш советничка во Центар Даниела Рангелова.
Тој изјави дека повикот на Рангелова, Жерновски да се соочи со народот кога беа протестите против стопирањето на изградбата на Црква во Центар го сметал со провокација.
Но веднаш потоа призна дека откако претседателот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ се соочил со тој ист народ ништо не му се случило, што значи дека не постои дело какво тој имплицираше дека се случило.