четврток, 14. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Дали Проја извршува нарачки на Заев, затоа што ЈО ослободи од гонење член на семејството за производство на марихуана?

Стоилковски: Дали Проја извршува нарачки на Заев, затоа што ЈО ослободи од гонење член на семејството за производство на марихуана?

Мери Проја Продановска е уште еден функционер на Зоран Заев за чие што семејство не важат законите, и се под заштита на обвинителството на Русковска, дури и кога се фатени во производство на дрога, само затоа што се извршители на нарачките на Зоран Заев, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Медиумите вчера објавија голем скандал поврзан со Проја, според кои МВР во 2017-тата година во дворот на викенд куќа сопственост на родителите на Мери Проја Продановска, во Маркова Сушица, пронашла 15 стебла марихуана, по што до ОЈО е поднесена кривична пријава по чл. 215 од КЗ, за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, кривично дело за кое казната затвор е од 3 до 10 години, а ЈО ја отфрлило пријавата, која била уредно документирана во МВР, рече Стоилковски.

Како во оваа држава кога ќе ве фатат во производство на марихуана не одговарате!? А, луѓе кои немаат конекции со власта на Заев завршуваат во затвор за најбанални работи!?

Дали е ова причината поради која Заев ја држи уценета Проја, која сега мора да извршува секакви нарачки!?, прасува тој.

Очигледно е дека Проја е должник на Заев и затоа се нафаќа да биде безпоговорен извршител на нарачките на параполицијата под контрола на СДСМ, вели Стоилковски.

Дали можеби дрогата не ја произведувал друг член на семејството Проја, а само делото е препишано на нејзината мајка, родена во четириесетите години од минатиот век!?

Мора да се напомене дека МВР целосно го расчистила настанот и со соодветна документација поднела кривична пријава до скопското јавно обвинителство. Како што пишуваат медиумите од непознати причини истата кривична пријава од страна на ОЈО Скопје во август 2018-тата година била отфрлена.

Според медиумите доказите против членот на семејството на Проја се очигледни. Криминалот е инфлагранти, а ЈО молчи исто како што молчи и за голем број други случаи каде што лица под сомнение се раководни структури во СДСМ.

СДСМ вмешува и злоупотребува институции во партиска битка. Одговорност за ова однесување ќе има и мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести