Корупцијата останува сериозен проблем особено неказнивоста за корумпираните владини функционери, вклучително и членови на парламентот и судството, се вели во анализата на „Фридом хаус“
Додека гласачите се во голема мера слободни да донесуваат политички одлуки, извештаите за заплашување и купување гласови остануваат вообичаени. Патронажните мрежи остануваат влијателни во политичкиот живот и можат да влијаат на политичките исходи. Сивата економија е голема, оставајќи голем број работници ранливи на злоупотреба од страна на работодавците, се вели во анализата.
Останува голем проблем неефикасноста и независноста на судството.