недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов излажа за големите проекти во општина Сарај

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов излажа за големите проекти во општина Сарај

На изборите во 2017 година, Петре Шилегов настапи со нереална кампања, кампања во која ги лаже граѓаните, ветувајќи капитални проекти во сите десет скопски општини. Лаги затоа што по скоро три години од неговиот избор тој не направи ништо. Ќе се задржиме на дел од ветувањата на Шилегов поврзани соопштина Сарај. И да Шилегов вети многу за Сарај, но не направи ништо, обвинуваат од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

Едно од најспектакуларните ветувања беше ревитализацијата на езерото Треска, каде Шилегов ветуваше дека ќе го врати туристичкиот бисер на Скопје. Денеска, после скоро три години, нема ништо на повидок, не се работи на терен ништо, а Шилегов се правда дека тоа не е во негова ингеренција.

Ревитализација на спортско-рекреативните центри „Сарај“ и „Треска“, исто така зедоа централно место во предизборна програма, каде Шилегов и СДСМ ветуваа ревитализација на игралиштата, патеките, урбаната опрема и другите објекти во центрите. Ветувањата на Шилегов одеа до таму што дури во неговата програма вети дека ја „разгледуваат можноста да го пресели фискултурното школо, во овој спортски центар, за да се овозможи користење на инфраструктурата во корист на учениците“. Но, средното фискултурно училиште „Методија Митевски Брицо“ е државно, и Град Скопје нема никаква ингеренција врз истото. Повторно, двата спортски центри се запоставени, руинирани и ниту еден денар не е инвестиран во нив.

Од аспект на инфраструктурата, најспектакуларното ветување на Шилегов изградба на нов пристап до СРЦ „Матка“ преку директно приклучување од автопатот Скопје-Тетово доживеа фијаско.

Со ова неговите посетители целосно би ги бајпасирале населените места Сарај и Глумово со што би се зголемила достапноста на кањонот Матка од една страна, а од друга би се намалил сообраќајниот метеж од друга. Секако, и овој проект како и сите останати останаа остнаа заборавени, неостварени, а граѓаните излажани.

Најнови вести