среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мехмети: Следуваат промени, Заев ќе доживее голем пораз и Македонците и Албанците се разочарани од СДСМ

Мехмети: Следуваат промени, Заев ќе доживее голем пораз и Македонците и Албанците се разочарани од СДСМ

Аналитичарот Ким Мехмети вели дека следуваат промени на македонската политичка сцена во интервју за 24. Кај Македонците убедливо ќе победи ВМРО-ДПМНЕ поради промената на името истакна тој, додавајќи дека Заев ја изгуби довербата и кај албанските гласачи. Според него коалицијата со БЕСА ќе биде причината Заев да загуби наместо да му донесе гласови на СДСМ и Заев.

-Јас мислам дека и во македонскиот блок ќе има промени. За мене без дилеми кај Македонците гласачи ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Заев успеа да победи со албанските гласови да бидеме фер и уствари и не ја победи ВМРО-ДПМНЕ, туку успеа да направи Влада со тоа што не и дозволија на ВМРО да направи Влада. Сега мислам дека и ради името ќе стагнира СДСМ и мислам дека и кај Албанците Заев треба да заборави дека ќе добие онолку гласови коолку што доби. Оти за да гласаат Албанците за СДСМ најмногу допринесе ДУИ бидејќи албанците се заситија да даваат гласови на Албанските партии кои што после ги префрлуваат кај македонска партија. БЕСА не е албанска партија, дури ја сметам дека поради таа коалиција доста ќе изгуби албански гласови Заев бидејќи таа коалиција со БЕСА која ги има само печатите на БЕСА и ништо друго од БЕСА таа впрочем сруши еден голем концепт политички. Беса доби 7 пратеници, 2 им зема ДУИ. И сега како Албанците ќе веруваат кога само рушите и БЕСА има шпекулации дека отиде кај Заев по налог на ДУИ, вели Мехмети.

Тој додава дека бидејќи оваа сегашна БЕСА кланот од Лулареце и служи на ДУИ и тие се испратени во СДСМ за одпадокот од ДУИ што гласаа за СДСМ повторно да ги ловат. Затоа што ете ќе гласале за БЕСА, но мислам дека тоа нема да упали.

Најнови вести