вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николовска: Луѓе се разболуваат и умираат, а власта во заминување се фрли на летување и бизниси на грбот на народот

Николовска: Луѓе се разболуваат и умираат, а власта во заминување се фрли на летување и бизниси на грбот на народот

Луѓе се разболуваат и умираат, а власта се фрли на летување и бизниси на грбот на народот. Власта на Заев во заминување до последен момент безмилосно ги троши народните пари, обвинува Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено вчера раководството на АД МЕПСО во крајно нетранспарентен процес склучило 3 договори за хотелски услуги и сместување во вкупен износ од 7 милиони  190 илјади денари, односно скоро 117 илјади евра. Првиот од трите склучени договори во текот на вчерашниот ден е со фирмата Друштво за производство трговија и услуги ВИЦТОРИЈА ДООЕЛ Скопје во износ од 176.180 денари, вториот е со Друштво за трговија, превоз, туризам и услуги АПЕКС ФОР ДООЕЛ експорт-импорт Скопје во износ од 4.271.137 денари и третиот со Друштво за производство, трговија и услуги КЕОПС ПЛУС ДООЕЛ увоз-извоз Битола во износ од 1.743.525 денари. Сите овие договори се на име Услуги за хотелско сместување, вели таа.

Николовска порачува дека во услови кога Македонија е во втор пик на корона криза со троцифрени бројки на заразени, државното претпријатие МЕПСО склучува договори за хотелско сместување.

-Во време кога над 20 илјади граѓани немаат земено плата за месец април,  власта на Заев и СДСМ договараат милионски суми за хотелски услуги и сместување. Патем да биде уште посомнително ваквите договори се правени во 4 очи, без целосно јасни критериуми и во нетранспарентна постапка. Да потсетиме дека во екот на епидемијата власта на Заев и СДСМ трошеше милиони народни пари за набавки на шампањ, лигњи, октоподи, виски бурбони, а на почетокот на кризата за само неколку дена потрошија и 97.000 евра за патни трошоци, сместувања, хранарина и дневници. Ова е расипништвото на власта на Заев и СДСМ. Додека народот се бори за егзистенција, тие се луксузираат во хотелско сместување, јадат октоподи и лигњи и пијат скап шампањ и виски. Затоа мора да ја поразиме короната, но и вториот вирус наречен Заев и СДСМ. Нивната неодговорност, неспособност и расипништво мора да биде поразено. Или обнова или измами. Македонија не заборава и Македонија ќе победи, истакна таа.

Најнови вести