Види вака Зоки. Тоа што си го осудил Боки 13, Катица, мене и низа други кои ти ги знаат валканите тајни во ниту еден случај не значи дека ќе бидеш раат.
Ја знаеш приказната со Чакаларов и чакаларовците? Ако не ја знаеш, да те упатам да ја дознаеш, но вака на кратко – кога на Чакаларов му ја исекле главата, Андартските војници се шетале со неговата глава низ Лерин и извикувале:
„Го нема Чакаларов, ја нема Македонија, го уништивме Чакаларов, а со него и сите Чакаларовци!“
На ова, селаните одговориле – „Она што за тебе е мртва глава за нас е живо семе. И таа глава што ќе ја закопаш во некоја дупка ќе изрти како семе. И од тоа семе ќе израснат нови и нови јунаци.“.
Е така Зоки, тоа што си го осудил Боки, Катица, мене не значи дека вистината нема да излезе на виделина. Чекам од тебе да ми се извиниш за лагите што ги кажа за мене, дека сум ширел лажни вести – лани во август, кога го напишав „Катиљ Ферманот“.
Кај и да е, и други работи ќе се дознаат. А мене ме интересира нешто друго, кажи ми колку салта/колут напред ќе направиш сега од радост во твојот кабинет, пишува на Фејсбук новинарот, Александар Митовски.
Види вака Зоки. Тоа што си го осудил Боки 13, Катица, мене и низа други кои ти ги знаат валканите тајни во ниту еден…
Gepostet von Александар Митовски am Donnerstag, 18. Juni 2020