понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лазаров: Паралелно со програмата „Обнова на Македонија“ се изработи и преодна стратегија за справување со здравствено-економската криза

Лазаров: Паралелно со програмата „Обнова на Македонија“ се изработи и преодна стратегија за справување со здравствено-економската криза

Интервју за емисија на телевизија МРТ имаше и Дарко Лазаров, претседател на комисија за економија при ВМРО-ДПМНЕ при што посочи дека , паралелно со програмата „Обнова на Македонија“ која што е дизајнирана за тој 4-годишен период практично се изработи и преодна стратегија за справување со здравствено-економската криза.

„ВМРО-ДПМНЕ имаше претходно изработено сериозна програма за предвремените избори на 12-ти април, меѓутоа сега поради состојбата со кризата беше принудено условно кажано затоа што имаме реален пристап во изработка на програмата да се ревидира дел од проекти. Така да наредната недела се очекува да биде промовирана официјално програмата „Обнова за Македонија“ која што е дизајнирана на еден 4-годишен период. Она што е битно, односно важно, паралелно со програмата

„Обнова на Македонија“ која што е дизајнирана за тој 4-годишен период практично ние изработивме и преодна стратегија за справување со здравствено-економската криза“, појасни Лазаров.

Лазаров додаде дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ исто така ќе се фокусира и на тековните прашања поврзани со кризата. И по насока на преодна стратегија фокусот ќе биде во делот на превенирање и заштита првично на здравјето на граѓаните бидејќи од тоа зависи и колку бргу и ефикасно Македонија ќе застане на нозе.

Најнови вести