четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Кисел, вкусен и многу корисен: Не сте знаеле дека лимонот може да ви помогне за овие работи

Кисел, вкусен и многу корисен: Не сте знаеле дека лимонот може да ви помогне за овие работи

Лимонот нуди навистина големи можности за природната козметика. Сепак, треба да се има во предвид следново: лимонот може да предизвика прекумерна чувствителност на кожата, на сончева светлина, па не се изложувајте премногу долго на сонце после третманот.

Отстранување на мртвите клетки од кожата – дадете сјај на вашата кожа, со нежна масажа на саканата површина со мешавина на сок од лимон и шеќер.

Ублажување на брчките – загрејте 1 чаша млеко, 2 лажички сок од лимон и 1 лажица коњак или ракија. Изладете ја  смесата на собна температура, нанесете на посакуваното место и чекајте да се исуши, а потоа исплакнете.

За избелување на старечките пеги – мачкајте се со лимонов сок и оставете 15 минути. Повторувајте ја постапката два пати во денот.

Направете крем за лице – помешајте сок од 1 лимон и 1/4 чаша маслиново или бадемово масло. Нанесете на лицето и оставете нека делува.

Против првут – применувајте масажа на скалпот секојдневно со две лажички сок од лимон.

Избришете го лакот  од вашите нокти и без ацетон – ставете ги ноктите (околу 5 минути) во една чаша топла вода во која ќе додадете сок од половина лимон, а потоа истријте ги ноктите со внатрешниот дел од кората на лимонот.