Вечерва во „Отворено студио“ гостуваше Душко Вескоски, организационен секретар на СДСМ кој што кажа дека сликите кои што се користеа за проектот „Дома си е дома“ е навистина жално.
„Жално е тоа што го видовме изминатиов период. Особено жални се тие слики кои што ги видовме од Германија и од Европските земји, кои што се користеа за промоција на домашниот туризам“, истакна Весковски.
Весковски додаде дека такви грешки како оваа за проектот „Дома си е дома“ не треба да се повторат. При толку природни убавини во Македонија навистина нема смисол да се постираат слики од други земји.