петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Костадинов да одговори која е неговата улога во случајот “Рекет”

Стоилковски: Костадинов да одговори која е неговата улога во случајот “Рекет”

Антизападниот Коста Костадинов да одговори која е неговата улога во случајот “Рекет” кој гледаме дека станал државен и партиски занает на СДСМ во исто време, пишува на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Лицемерно е да се правиш правдољубив, а да си прв во скутот на оние кои и служат на неправдата.

Антизападниот Костадинов беше дел од Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, а гледаме дека бил и многу близок до него и неговото друштво од кого сега многу лесно се откажуваат и сакаат да ја пресоблечат кожата.

Арно ама има фотографии, видеа, како ова што сега го објавувам, каде го гледаме во друштво на оние кои беа дел од рекетот.

Антизападниот Костадин напиен, насмеан, самозадоволен, стимулиран во прегратка на рекетот, кој самиот Бојан вели дека завршил кај Зоран и Вице Заеви.

Костадине народот вели “млад беше, млад загина”, овој пат на релација помеѓу желбата да бидеш богат и славен и во исто време во скутот на Заев.

И ти и јас знаеме дека си во скутот на семејството Заеви, но дали си и чирак и во рекетот на мафијата, тоа допрва ќе се види. Тоа знај Костадине освен желба да станеш славен може да ти донесе и одговорност пред законот , затоа не прифаќај да служиш на секој занает на Заеви.

Жален крај на една амбиција и кариера која никогаш и вистински не започнала.

Најнови вести