среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Овие избори од СДСМ и Заев јавноста нема да види програма туку бомби!

Стоилковски: Овие избори од СДСМ и Заев јавноста нема да види програма туку бомби!

Овие избори од СДСМ и Зоран Заев јавноста нема да види програма туку бомби! На овие избори битката на Заев ќе биде со страв и со лаги! Извршителите не ги знае, но инспираторите да, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зад мене е објектот, зад мене е инспирацијата за бомбашкиот напад врз семејниот објект на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Бомбашки напад врз функционер на опозицијата! Тоа е вистинското лице на забеганиот СДСМ. Тоа е чисто политичко насилство, мерки од најнедемократски режими.  Насилството кое што се демонстрира е инспирирано и поттикнато од забеганиот СДСМ, од нивната насилничка реторика. Насилство кое што не враќа во мрачното време 90-тите, на транзицијата! Насилството, бомбашкиот напад на семеен објект на потпретседател на опозицијата, директно поттикнат од неказнивоста на функционерите на забеганиот СДСМ. За нив не важат законите, за нив важи само криминалот, насилството и сеењето на омраза, истакна тој.

Стоилковски порача дека одговорноста за бомбашкиот напад е во СДСМ.

-И тука треба да се бараат инспираторите за нападот, кој што за среќа мина без жртви.Свесни за поразот, тонат во целосна забеганост, немоќ и страв, затоа атакуваат, напаѓаат врз првите луѓе на опозицијата. Игор Дурловски беше пресретнуван и вербално напаѓан со закани, Рашела Мизрахи е постојано следена и фотографирана за што има и пријава до полицијата, потпретседателот Николоски посочи на прислушување и следење, а сега – сега и бомби почнаа да фрлаат врз семејниот објект на Мисајловски! Ова е крик на очајни луѓе, сокриени во објектот зад мене, кои што прават се за да не одговараат пред правото и правдата!  Институциите мора да реагираат, случајот да се разреши што поскоро, сторителот или сторителите да бидат санкционирани. Не смее да се дозволи бандити да ни ја земат државата и ги контролираат нашите судбини. Решени сме, одиме до крај, до поразување на злото. Компромис со криминалот НЕМА. По 15-ти јули правната држава ќе профункционира и сите кои што се огрешиле ќе одговараат. Јасен е изборот – или обнова со ВМРО-ДПМНЕ или криминал со Заев и СДСМ. Македонија не заборава, народот прави разлика, порача Стоилковски.

Најнови вести