сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Учител го загубил посвоеното дете поради лажно обвинение дека непристојно допирал ученици

Скоро една година, неименуваниот учител добил забрана за работа додека полицијата и социјалните работници го истражувале случајот
Учител го загубил посвоеното дете поради лажно обвинение дека непристојно допирал ученици

Неименуван учител од Велика Британија кој поминал низ исцрпувачки процес за посвојување дете со својата сопруга е лажно обвинет за допирање на свои ученици, пишува Дејли мејл.

Според извештајот на годишната конференција на Националната асоцијација на училишни сојузи на жените наставници, учителот бил обвинет за допирање на своите ученици додека тој воопшто не бил во училиштето.

Портпаролот на Сојузот соопшти дека обвинувањата биле лажно, но службите сепак го одземале посвоеното дете од двојката, а на учителот му забраниле да биде сам со своето дете.

Скоро една година, неименуваниот учител добил забрана за работа додека полицијата и социјалните работници го истражувале случајот.

Брачниот пар поминале низ исцрпувачки процес на усвојување на дете, но поради обвинението се соочиле со огромен проблем кога социјалните служби им го одземале детето.

Статистикат покажува дека во Велика Британија 119 наставници биле задржани во полиција поради кривично гонење поврзано со нивната работа, а во 83 случаи обвиненијата биле лажни. Засега ниту еден наставник не бил обвинет на суд, но некои од случаите се уште се водат.