петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаулески: Младите нема да молчат, правда ќе има!

Јаулески: Младите нема да молчат, правда ќе има!

Доаѓа време за правда. Предолго време молчиме, стегнати под јаремот на оваа брутално корумпирана власт. Корумпирана е до таа мера што си нарачува обвиненија по мерка и диктира судски пресуди кои ги најавува пред да бидат изречени.

Ако си со власта ќе лежиш 3 години, па макар и убил човек, но ако си против ќе те осудат на 220 години само затоа што си патриот. Луѓе лежат со години затоа што украле ќебапчиња, а убијци се шетаат на слобода.

Системот трул мора да се урне. Денес пред Правда во 18 часот. Давам поддршка за Кољо, оттаму одиме кон ЈО и завршуваме пред Кривичен.

Младите нема да молчат. Правда ќе има!

Фејсбук статус на Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести