Владата донесе одлука, за слободен влез во Република Македонија, јавува телевизија Алсат.
Според оваа одлука, при влез во Македонија нема да биде потребен ПЦР тест, ниту 14-дневна самоизолација.
Одлуката на сила стапува од 26 јуни.
Владата на синоќешната седница веќе олабави и други мерки. Дозволи организиран превоз во Полошкиот регион.
Се врати редовната состојба на организиран превоз на патници од и во подрачјето на општина Тетово и од општините Теарце, Боговиње, Желино, Врапчиште, Гостивар, Јегуновце, Брвеница, Маврово-Ростуше и град Скопје, соопштија од Владата.
Владата донесе и протоколи и за отворање и работење на казината, како и на приредувачите на игри на среќа со автомати.