четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Јаулески: Дождот не беше пречка да излеземе и да бараме правда за Кољо- му дадовме жолт картон на обвинителството и целиот судски систем

Јаулески: Дождот не беше пречка да излеземе и да бараме правда за Кољо- му дадовме жолт картон на обвинителството и целиот судски систем

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески преку статус на Фејсбук пишува дека денешниот дожд не бил пречка и денес да излезат по улиците, да побараат правда за Кољо и да му дадат жолт картон на корумираното обвинителство и целокупниот судски систем кој носи одлуки по принципот “трас-трас”.

-Дождот не беше пречка и денес да се излееме по улиците, да побараме правда за Кољо и да му дадеме жолт картон на корумираното обвинителство и целокупниот судски систем кој носи одлуки по принципот “трас-трас”.
Ништо не може да нѐ спречи затоа што нашата намера е искрена, младите го креваат гласот против неправдата и ние ќе го промениме ова девастирано судство кое суди селективно.
Денес испративме силна порака, денес кажавме дека е доста, дека законите мора да важат подеднакво за сите и мора да се тргнат рацете од узурпираниот систем.
Јас како и минатиот пат, така и денес, но и секогаш ќе бидам гласен и силно ќе се борам за сѐ што значи правда.
Заедно со моите врсници ќе ја добиеме оваа битка, верувам во тоа затоа што гласот на младите ги прави промените на подобро, секогаш и секаде!
Во оваа битка ќе победи правдата!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

#ПравдаЗаКољо#МладитеЖивотиВредатДождот не беше пречка и денес да се излееме по улиците, да побараме правда за Кољо и…

Gepostet von Јован Јаулески am Dienstag, 23. Juni 2020

 

Најнови вести