Американската актерка Пинк откри како успеале со сопругот Кери Харт да го сочуваат бракот кој трае веќе 14 години.
Имено, Пинк вели дека таа и Кери одамна ќе се развеле ако не оделе на брачни советувања, а тоа им помогнало да ја сочуваат врската и бракот.
Неодамна Пинк на „Инстаграм лајв“ разговараше со брачната терапевт кој им помогна да го сочува бракот.
-Примив многу критики откако им кажав на луѓето дека одам на брачни советувања. Со Ванеса имав прилика да разговарам насамо, но и во друштво на сопругот, а таа единствена причина зошто ние се уште сме во брак, изјави Пинк во текот на „лајвот“.
-Како деца немавме прилика да научиме како да имаме здрав однос и да се согласуваме со луѓето, а случувањата во нашата земја се одличен пример за тоа. Не знаеме како меѓусебно да се сакаме и согласуваме. Не знаеме да комуницираме, признава пејачката.