Се е во рацете на обвинителството и се зависи од политичкиот налог на Зоран Заев. Ако Зоран Заев реши да има случај и обвинителен акт ќе има., ако одлучи да нема, ќе нема. Но, без разлика на неговата одлука јас немам намера да отстапам од мојата решителност да ги откривам сите финансиски скандали и сите малверзации и злоупотреба на положбата на него како премиер и на неговите блиски и сега и како пратеник во иднина, вели кандидатот за пратеник во изборна единица 5, Антонијо Милошоски во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.
Милошоски посочи дека секој свиркач кој што во наредниот период ќе му достави релевантен материјал ќе го презентира во јавноста согласно стандардите на судот за човекови права во Стразбур.
Секој свиркач кој што на дискретен начин би ми доставил релевантни материјали јас би ги презентирал во јавноста согласно стандардите на судот за човекови права во Стразбур, рече Милошоски.
Милошоски посочи дека парадоксот на сегашната власт е што таа сега е во партнерски однос со луѓе кои претходно ги нарекувала мафијаши, терористи, насилници, односно како што рече тој и Мијалков, Тодоров и Муковски сега се во партнерски односи кој од материјален кој од бизнис, кој од судско обвинителски интереси со Зоран Заев, Вице Заев, Ден Дончев и Венко Филипче.
Парадоксот на сегашната власт, е што за време на претходната влада го нарекуваше тогашниот директор на УБК Сашо Мијалклов најголем прислушкувач и најголем мафијаш. СДСМ тогаш го нарекуваше министерот Никола Тодоров, министер смрт. СДСМ пред три години го нарекуваше Крсто Муковски кој ги отвори вратите во собранието терорист и насилник. За жал денес и Сашо Мијалков, Крсто Муковски и Никола Тодоров кој од материјални, кој од бизнис, кој од судско обвинителски интереси се главните и најдобри партнери на Зоран Заев, Вице Заев, Ден Дончев и Венко Филипче, вели тој.
Милошоски додаде дека владата на СДСМ не била посветена на проектирање, туку на рекетирање споменувајќи ја и кривичната пријава за поранешниот директор на РЕК Битола Васко Ковачевски кој побарал 250.000 евра.
Нивната посветеност на рекетирање беше поголема од нивната посветеност на проектирање. Заев не го интересираше толку што ќе се случеше со автопатот Кичево Охрид, колку што го интересираше кои камиони ќе работат во РЕК Битола. И токму затоа имаме кривична пријава за поранешниот директор на РЕК Битола и таа кривична пријава е дадена врз основа на изјави на двајца сопственици на фирма кои што тврдат дека Васко Ковачевски им побарал 250.000 евра, вели Милошоски.