„Не можам да најдам бикини“, напишала 29-годишната пејачка покрај фотографијата во градник за која што добила повеќе од 750.000 лајкови и илјадници комплименти.
„Добро е што си ги најде пантолоните“, искоментира нејзината мајка Вера и доби бројни лајкови.
Рита Ора со своите 16,1 милион следбеници, често споделува снимки во жешки изданија, а нејзината мајка, психијатар, често коментира на нив. Претежно и дава комплименти, но повремено ја критикува како во овој случај.
На почетокот од овој месец, Рита се збогува со починатата баба. “Таа сакаше и се грижеше со целото срце. Ќе ми недостасува секој ден”, напиша таа на Инстаграм.