На почеток сме на кампањата а Заев веќе одбегнува да одговори на 2 прашања:
1. Дали може да го докаже потеклото на своето и богатството на својата фамилија?
2. Зошто СДСМ донесе Закон за тутун со кој се дозволува увоз на тутун пред целокупното годишно производство на домашен тутун да биде откупено?
Ние се обврзуваме дека во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го промениме законот, и нема кило тутун да се увезе додека не се откупи целокупното домашно производство.
Да им ставиме крај на криминалците кои заработуваат на грбот на народот.
Да ја обновиме Македонија!