вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Златев: Горан Михајловски некрофил по потреба

Златев: Горан Михајловски некрофил по потреба

Да не беше Горан Михајловски ќе ја заборавевме некрофилската природа на СДСМ пред секои избори. Прочитајте го Михајловски, некрофил по потреба, како повторно ја злоупотребува смртта на Никола Младенов.

Замислете, него му е крив Мицкоски кој легитимно прашал “До каде е истрага за соибраќајката на Младенов?”. Не сум адвокат на политичари, ама како е можно на Мицкоски кој тогаш бил обичен професор по машинство, да му се залепи овој случај?

Се сеќавате на оние фамозни прес конференции на Заев, во кои лидерот на СДСМ глумеше CSI Муртино и се обидуваше да наметне слика дека Младенов бил убиен? СДСМ приврши 3 години на власт, а сеуште нема никаква истрага дали тоа било така. За воља на вистината, не Мискоски туку сопругата на Младенов јавно, во време на СДСМ и Заев кажа дека се работело за несреќен случај!

Сега Михајловски сака тоа да го заборавиме, да заборавиме што Заев (кој на сопругата на Михаловски и даде неколку стотици илјади евра државни пари преку фондот за инивации), некрофилски ја злоупотребил смрта на познатиот новинар.

Одиме понатаму, Горан наместо за истрагата за Младенов, сакал да сме разговарале за нелегалното прислушување во време на ВМРО-ДПМНЕ. Молам? Кое прислушкување те погодило тебе Горане, она на Мијалков кој сега ви е колициски партнер и извор на информации? Прислушувањето од човекот Вќво чии фирми на вработените им наредуваат да стават лајкови на кандидатите за пратеници на СДСМ?

Преку глава ми е од овие двојни аршини, виновниците за смртта на Младенов и за прислушувањето, се наоѓаат во СДСМ и секојдневно се координираат со Заев.

Преку глава ми е од злоупотреба на смртни случаи, како оној на Тамара или на Нешковски. Преку глава ми е од скапо платени партиски активисти, мимикрирани како новинари, попут Горан Михаловски!

Фејсбук статус на новинарот Љупчо Златев

 

Најнови вести