сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковиќ за внатрешната пресметка помеѓу Димитриевски и СДСМ: Со загубата на СДСМ на изборите ќе треба овие позиции да ги заземе нова политичка структура

Стоилковиќ за внатрешната пресметка помеѓу Димитриевски и СДСМ: Со загубата на СДСМ на изборите ќе треба овие позиции да ги заземе нова политичка структура

На новинарско прашање во интервјуто за КУРИР неодамна претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ вели дека за ситуацијата со коронавирусот во Куманово и целата таа збрка која настана помеѓу градоначалникот Максим Димитриевски и СДСМ е внатрешна пресметка, т.е заземање на стратешки позиции во наредната рунда и расплет на политичките состојби во Македонија.

-Со загубата на СДСМ на изборите очигледно ќе треба овие позиции да ги заземе нова политичка структура, јас ова го гледам како добра политичка позиција на сегашниот градоначалник на Куманово и да заземе сериозна важна позиција во СДСМ кога станува збор по поразот на СДСМ на изборите, вели Стоилковиќ.

Тој вели дека не би коментирал ништо посебно, освен дека градоначалникот ја имала нивната поддршка и од партијата и од него кога станувало збор за мерките во Куманово.

-Не од политички, туку од причини дека требаше да се заштити здравјето на граѓаните, бидејќи имавме сериозен наплив на заболени во одреден временски период и тој поради преземените мерки подоцна сигурно ќе има расплет во понатамошниот период, тоа е делот каде што за да биде елиминиран беше прогласен за корона позитивен, што подоцна не беше точно, така да тоа нека остане внатрешен проблем на СДСМ и тие нека си го решаваат тоа, вели тој.

Најнови вести