Наум Стоилковски, портпаролот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ напиша на својот фејсбук дека Оливер Спасовски избега од Владо Мисајловски Кендо.
-ТРАНСПАРЕНТНО БЕГАЊЕ
На кратко ќе ви ја опишам транспарентноста на #Заевизмот и односот кон медиумите.
Само минатата недела:
Оливер Спасовски избега од Владо Мисајловски Кендо. Ја жртвуваше Сања Лукаревска во дебата за ИЕ2.
Радмила Шекеринска избега од Игор Дурловски. Откажана дебата, нема “празно столче” за ИЕ5
Јован Митрески избега од Антонио Милошоски. Столчето остана празно за ИЕ5.
Оваа недела почнува со бегство на Љупчо Николовски од Игор Јанушев, дебата за ИЕ3 закажана за утре. Дебатата се откажува, наместо фер да се покаже бегството.
Е така е тоа кога ти е свиткана кичмата.
Така е кога треба да се објаснуваат 6,8,10 милиони евра, конекциите за 300.000 со странски руски врски, кога треба да се објаснува за “провладиниот изблик”- Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заев!
#Транспарентност и #СлободаНаМедиуми на европско ниво!
Затоа тонеме во #ХибриденРежим!
Затоа има криминал и корупција и неказнивост до небо!
Ама и затоа #Број14 за #ОбноваНаМакедонија
#ИсправиСеМакедонијо! , пишува Стоилковски на фејсбук.