Носителот на изборната единица 4 на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на фејсбук објави видео спот и напиша за што и за кого се однесува нивната кампања.
Нашата кампања е за земјоделците, за работниците, за младите на кои им треба иднина, за пензионерите на кои им треба достоинство. Нашата кампања е за оние со распукани раце и солзи во очите заради судбината која ја снајде Македонија.
Нашата кампања е за младите да останат дома, а не да ја бараат иднината на печалба во Швајцарија или Германија.
Нашата кампања е за повисоки плати на работниците, повеќе можности и помалку бирократија за малиот и средниот бизнис.
Нашата кампања е за онеправданите и прегазените.
#ИсправиСеМакедонијо #ОдбериОбнова