Аналитичарот Арсим Зеколи преку своја порака на Твитер пишува дека време е СДСМ да го откачи Заев пред да ги повлече сите во бунар.
-Ферски е да се каже навреме, за после да не биде ‘глумиме лудило’: СДСМ, со овој на чело изборот не ви е меѓу победа или пораз, туку меѓу чесна опозиција или ѓубриште на историја. Откачетете ја будалата пред да ве повлече во бунар, стои во неговиот Твит.
Ферски е да се каже навреме, за после да не биде ‘глумиме лудило’:
СДСМ, со овој на чело изборот не ви е меѓу победа или пораз, туку меѓу чесна опозиција или ѓубриште на историја.
Откачетете ја будалата пред да ве повлече во бунар.
— ਅਰਸਿਮ ਜ਼ੇਕੋਲੀ (@ArsZek) June 29, 2020
Инаку оваа негова реакција доаѓа откако претходно јавноста слушна преку аудио бомби како Зоран Заев ги навредува своите коалициони партнери велејќи им дека народот што го поддржува Заев е шуто и рогато.