четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Туристи од Австрија пристигнаа во Црна Гора со трактори

Туристи од Австрија пристигнаа во Црна Гора со трактори

На прагот на туристичката сезона во Црна Гора, поради пандемијата на коронавирусот има 90 отсто помалку туристи него претходната година.

Поради тоа, секој кој е турист привлекува внимание, но на граничниот премин, каде има десет пати помалку патници за разлика од претходната година, посебно внимание привлекоа туристите од Австрија.

Како што пренесуваат медиумите, тие ја преминале границата со модифицирани возила-трактори на кои биле закачени приколки.