СЈО конечно заминува во историја. ГМО направијата, создадена за да ги испита криминалите во Заевите „бомби“, која во меѓувреме стана гола алатка на СДСМ во разнебитувањето на Македонија и клучен играч во промената на името на државата, го тера својот последен работен ден.
Што направи СЈО во изминатите години на постоење?
Потроши десетици милиони евра, продуцираше осуден рекетар кој беше прв човек на параинституцијата и одигра ултра-политички и крајно еднострано. На социјалните мрежи се шегуваат дека Шилегов ќе им направи споменик, на местото на планираниот за Мајка Тереза.
Бомбите испаднаа петарди, а обвинителите небаре имаа членска книшка од екс Бихаќка. Заминаа во историја (темниот дел од истата) за да со новиот Закон за ЈО исто така насила донесен, нивните бомби (оние неискористените) се уништат, а прислушувани материјали од сега па натаму да биле само индиции, не основа за обвинение. Затскриена амнестија на злоделата на функционерите на СДСМ, предводени од лидерот Заев, кој секој нов ден го почнува со нова бомба и можност за криминал. Е сега, тие ќе бидат само индиции….
Катица Јанева е провостепено осудена за Рекет со Боки 13, а од се што се заврши како случаи, останува Тенк во кој екс премеирот Груевски доби казна затвор за купено владино возило кое и ден-денеска се вози и кое протера десетици високи гости.
Обвинителката и портпаролка на специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, пак, синоќа на социјалните мрежи, по повод последниот рaботен ден на СЈО, трогателно моментот го опиша како горчиво-сладок.
„Горчлив е вкусот на разделбата и сите неостварени планови, но слатки се спомените за заеднички совладаните предизвици и споделената енергија. Денес се поздравивме со колегите од стручната и од административно-техничката служба и со истражителите. На вработените во СЈО денес им е последен работен ден и овие луѓе од денес остануваат без работа! Денес мојот стручен соработник ми вели: „Тажно е обвинителке, ко средна школа кога завршуваш, четири години сме заедно, што сè не делевме, имаше периоди кога почесто бев на работа од дома“. И така беше…
За мене СЈО беше симбол за борба за идеали, за правда, интегритет, подобра иднина, борба против злоупотреби на системот, на послабите, на зависните, борба против неказнивост. Начинот на кој згасна СЈО, начинот на кој никој не најде храброст изречно да каже дека се укинува институцијата, мислам дека не заслужува коментар, затоа што борбата за правда е вистинска само кога е плод на внатрешен порив за одговорност, првенствено лична, па потоа на сите кои грешеле пред законите, порив за нетолеранција на неказнивост, порив за принципелно и однесување со интегритет“, напиша Ристоска.
Заборави Ленче да ги спомене Катица и целата политизација на институцијата. Заборави да каже и колку стотици илјади евра дел од обвинителите, кои сега се тажни со право, заработија на грбот на народот.
Каков вкус Вам ви остави СЈО?