сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Претставување на кандидатите за пратеници од ИЕ-3 и програмата на ИНТЕГРА

Претставување на кандидатите за пратеници од ИЕ-3 и програмата на ИНТЕГРА

Претседателот Љупчо Ристовски ги поздрави присутните, после претставувањето на изборната платформа “Нова македонска ренесанса” посочи дека ИНТЕГРА е автохтон, чист македонски производ. Тој истакна дека Македонецот пред никого не виткал кичма во историјата, нема ниту сега. Немајте страв од новата македонска ренесанса на ИНТЕГРА, гласајте за ИНТЕГРА, заокружете го бројот 8, истакна Ристовски пред присутните и пренесете ја оваа идеја до вашите блиски.

Ристовски вети дека секој избран функционер на ИНТЕГРА ќе потпише согласност  да биде прислушкуван од финансиската полиција во периодите кога ќе има тендери во неговиот ресор. ИНТЕГРА е против корумпирана држава и корумпирани политичари. На секои две години ИНТЕГРА ќе биде испитана на референдум, народот одлучува.

-Малите бизниси ќе бидат во фокусот на економските политики на ИНТЕГРА, истакна Ристовски.

Носителот на листата за пратеници за ИЕ-3, м-р Сузана Чесмаџиска, ги повика кратовчани да му веруваат на лидерскиот тим на ИНТЕГРА, да заокружат бр. 8 за подобро здравство, за подобро образование, за иднината на Македонија.

Најнови вести