сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се очекува пресуда за случајот со смртта на четиригодишниот Алмир

Илиќ изрази жалење за смртта на малиот Алмир, но рече дека е невин.
Се очекува пресуда за случајот со смртта на четиригодишниот Алмир

Денеска треба да биде изречена пресудата за обвинетиот во случајот за прегазувањето на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово, откако пред неколку дена во кумановскиот суд беа дадени завршните зборови.

Обвинетиот Бобан Илиќ, кој се товари за „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, во врска со смртта на Алмир, рече дека не се чувствува виновен. Илиќ изрази жалење за смртта на малиот Алмир, но рече дека е невин.

Неговиот адвокат побара ослободителна пресуда и рече дека делото не го извршил  со умисла.

Тој се повика на невропсихијатриското и сообраќајно-техничкото вештачење и видео записот, нагласувајќи дека Илиќ бил вовлечен во конфликтна ситуација од која се обидел да излезе.

Најнови вести