четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Како власта СДСМ го лажеше народот после пропаднатиот референдум – „Мора фаците да ни бидат насмеани“ (ВИДЕО)

Како власта СДСМ го лажеше народот после пропаднатиот референдум – „Мора фаците да ни бидат насмеани“ (ВИДЕО)

Оние што ја погазија волјата на народот на референдумот од 30 септември 2018 година, и покрај неуспешниот референдум насилно и со уцени направија уставни измени пи што дојде до промена на името на Република Македонија, односно без амин од народот владата на СДСМ предводена од Заев го смени името на државата.

Имено, после дебаклот и слабата излезеност на референдумот вечерта на 30 септември следеше прес-конференција на пратениците од владејачкото мнозинство кој што беа видно изненадени и затечени од резултатот и излезеноста.

На пресот во Собранието пратениците од координативното тело за спроведување на референдумот пред изјавите се координираа каква слика да покажат во јавноста за да не се забележи нивното лошо расположение.

Да се потсетиме на нивното излагање, како тоа изгледаше и како требало да се претстават пред македонската јавност, но за среќа камерите ги уловија во вистински момент и јавноста беше запознаена дека власта доживеала вистински дебакл:

-Мора малку да…бидеме насмеани…

-М?

-Нели, насмеани… Слушаш?

-Малку фаците да ни бидат…

-Така?

-Насмеани…

-Хехе…

-Нели?

-Ние денеска скроз згужвани, не сме за…

-Хах.. па знам, ја не…

-А?

-Не очекував дека…

Најнови вести