сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: СДСМ во својата програма лажат дека преговорите со ЕУ започнале, а Македонија две години го чека датумот како Годо

Андоновски: СДСМ во својата програма лажат дека преговорите со ЕУ започнале, а Македонија две години го чека датумот како Годо

Датум се уште нема, иако преговарачката рамка е донесена од страна на Европската комисија. Добро е што и господинот Бојан Маричиќ признава, но треба да објасни зошто тогаш во програмата на СДСМ на 245-тата страна тие велат дека преговорите веќе ги започнале. Тоа е лажење на граѓаните. Оние што се занимаваат со преговорите со ЕУ точно знаат во која фаза сме. Затоа не е убаво да се манипулира со граѓаните и да се кажува дека датум има, датумот е добиен, а ние еве веќе две години го бараме и го чекаме како Годо, изјави советникот за меѓународна политика на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Стефан Андоновски, во вечерашната емисија „Еуро фокус“ на Телма телевизија.

Тој додаде дека граѓаните веќе се навикнале на политичкиот фолклор на СДСМ, еуфорично да прославуваат некои настани кои немаат врска со нивното работење.

-Да потсетам на прославата за датум пред две години, а датум се уште ни денеска нема. Така да, и вчерашното прославување го сфаќаме на тој начин. Иако ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои зад интеграциите на Македонија во ЕУ, сепак вчерашниот настан не треба да биде триумфалистички и да се гледа со таа доза на триумфализам, туку треба да ги засукаме ракавите и да си ја сработиме домашната задача. Дури и вчера имаше некоја бизарно прославување на справувањето на здравствената криза во време кога имавме најмногу починати, па излезе такво видео. Не сакам да славам бидејќи станавме карантин држава, не сме на листата на држави за патување во ЕУ и нашите граѓани не можат да ги искористат придобивките од либерализацијата на визниот режим, рече Андоновски.

Најнови вести