Корона кризата потврди дека здравствениот систем е еден од основните столбови на државата. На денешната прошетка со Радмила Шекеринска низ Охрид разговаравме за идните здравствени приоритети за градот, но и за целата држава.
Продолжуваме да градиме силен и одржлив здравствен систем за сите, да ги јакнеме капацитетите на јавното здравство, да работиме на професионалниот дигнитет и мотивација на медицинскиот работници и да создаваме услови за нивна иднина и професионална кариера во нашата земја. Продолжуваме со нови проекти за здравствените работници и инвестиции во подобро здравство:
✅ 40% зголемeни плати за медицинскиот кадар
✅ Три пати повеќе специјализации
✅ 12.000 денари субвенции за млади лекари на специјализација
✅ Едукација и размена на кадри со престижни европски универзитети
✅ 33 милиони евра во одделенијата за интензивна нега,
✅ Нов Клинички центар во Скопје
✅ Целосно електронско здравство
✅ 70 нови возила за Итната медицинска помош
✅ Реконстукции на стари и пренамена на неискористени болнички капацитети