Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 4, вечерва гостуваше на телевизија Алфа на емисијата „Што не е јасно“.
Ова е втора емисија на која се поканети носителите на листите на кандидати за пратеници во ИЕ 4, а на која Зоран Заев како носител на листата на коалицијата предводена од СДСМ не се појавува.
„Втор пат му е на Заев да избега од дебата се надевам дека до крај на кампањата ќе собере храброст и ќе дојде, знам дека му е тешко, затоа што ништо не направил и не може да ги види во лице граѓаните“, рече Николоски.
Според него Заев ќе изгуби на овие избори, или како што рече „Заев е сигурен во поразот, ако мислеше дека ќе победи ќе дојдеше и ќе кажеше што прави, изгледаше дека јас имам најсилен противник, а излезе во суштина имам најлесен противник во ИЕ 4 затоа што камен не е ставен тука, а не да се направи нешто“.
Николоски се осврна на се што не е направено.
„Се вети дека автопатски ќе се поврзе централна Македонија со Скопје, односно требаше автопатско решение до Прилеп, Битола и грчка граница. Во преходната влада на ВМРО-ДПМНЕ почна да се прави еден дел на потегот од Градско до Прилеп, се градеше додека не дојде Зоран Заев на власт и неговиот надлежен директор и ја уценуваше. Спред наши сознанија барано е фирмата изведувач да зема подизведувачи блиски до СДСМ во бизнис интереси, бизнис смисла. Но тие се голема компанија, а тоа е проект финансиран и од европкси пари и се собраа, се спакуваа и заминаа. Сега не само што нема автопатско решение, државата е на суд и се бараат 100 милиони евра отштета“, рече Николоски.
Според него ова е за условно кажано западниот дел од 4 ИЕ, а се осврна и на како што рече источниот дел на ИЕ 4.
„Идејата беше Струмица да се поврзе автопатски со Скопје, се изгради автопатот од Скопје до Штип, но исто во претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Сега бела боја не можеа да исфарбаат и не можеа да го пуштат и после продолжи да се гради се едно решение од Штип до Радовиш, а требаше од Радовиш до Струмица. Три години два камиони кругчиња прават на таа траса од Штип до Радовиш, абер нема да се изгради патот камоли да се изгради автопат кој е на лесен терен“, кажа Николоски.
Говорејќи генерално за целата 4 ИЕ, тој посочи дека „гасификација требаше да има во цела 4 ИЕ според ветувањата на Заев, а во неговата Струмица локалниот гас се плаќа како најскапт енергенс иако во светот е најефтин“.
„И најважните работи за мене се тоа што оставија уништено земјоделие, рекордно ниски цени на откуп и стопанство кое се уништува. Колку за пример ќорава инвестиција не е дојдена за три години, ни домашна ни странска, а тие што се почнати сега под притисок на власта почнуваат да се затвораат. Во една од странските инвестиции 50 луѓе во неготинско останале без работа зошто владата не им дала поддршка во овој период кога ситуацијата е катастрофална“, рече Николоски.