недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зафировски: Република Македонија бележи сериозен пад во борба против корупцијата 

Зафировски: Република Македонија бележи сериозен пад во борба против корупцијата 

Бележиме сериозен пад во борба против корупцијата, тоа го покажуваат резултатите, истражувањата и извештајот на Транспаренси. Ние бевме на 62 место, први во регионот веднаш после Словенија сега сме на 117 место. Тоа е слободен пад, рече Воислав Зафировски поранешен шеф на внатрешната контрола во МВР во емисијата Алфаскоп на Алфа Телевизија.

Покрај корупцијата Зафировски зборуваше и за спроведување на реформите истакнувајќи дека во земјава не постои владеење на правото подеднакво за сите односно постои селективна правда.

– Се најавуваат реформи во правосудниот систем, а сведоци сме дека двајца претседатели на комисијата која требаше да ја подготви стратегијата и да работат на нејзино имплементирање си поднесоа оставки. Јавно кажаа дека не сакаат да бидат алатка во рацете на извршната власт и да спроведуваат нешто кое се коси со нивните професионални принципи, вели Зафировски.

Тој потенцираше дека не е работа на премиерот да  раководи со новата комисија која ќе го следи имплементирањето на реформите во правосудниот систем, туку негова работа е да менаџира со владата.

За реформите во УБК тој додава дека не се тоа реформи во Управата за безбедност и контрола туку само на петтата управа односно оној сегмент од УБК кој се занимава со прислушувањето и според него начинот на кој е тоа поставено нема да промени баш ништо.

– Ризикот за злоупотреба на прислушувањето останува отворен. Нема воспоставено експертски механизам на контрола. Луѓе под водство на јавен обвинител, луѓе од правна фела и информатичари кои ќе бидат независни и ќе можат во било кое време да извршат контрола и од правен аспект и точно да се види што е правено и како. Без таков механизам сите други паѓаа во вода, рече Зафировски.

Тој се наврати и на случајот со полицајката и Бекир Асани. Според него тоа е најлесниот случај за решавање бидејќи може да се земат снимки од камерите, изјави од очевидците и изјави од службениците кои дошле на помош.

-Тука треба да следи кривична пријава за насилство за напад на службени лице. Ја заташкаа целата работа затоа што тој е пулен на партија од владејачката коалиција.  На таков начин се руши авторитетот и интегритетот на полициските службеници и тоа претставува  навреда која не може  граѓаните да не ја забележат, нагласи Зафировски.

Најнови вести