Гужви пред банките може да се забележат во последните неколку денови.
Причина се платежните картички кои беа доделени на дел од граѓаните како поддршка поради пандемијата од Ковид-19.
Оваа фотографија е во Куманово, а иста е сликата и низ другите градови ширум земјава каде што граѓаните чекаат да си ги подигнат картичките од банките, пренесе ТВ 21.