Денеска носителот на листата на ИЕ2, Владо Мисајловски, и кандидатите за пратеници од општина Бутел, Дарко Костовски и Доктор Боро Илиевски, остварија средби со граѓаните на населените места Александар Македонски, Скопје Север, Васил Чакаларов – Бутел 2 и Љуботенски Пат. На овие две средби граѓаните присуствуваа во голем број.
“Покрај многубројните проблеми, кај граѓаните има голем ентузијазам и желба за победа. Доста им е од неисполнети ветувања, лаги и неспособност. Тие сакаат некој кој цврсто ќе застане и ќе исполни се што е ветено.”- напиша на својот фејсбук профил кандидатот за пратеник, Дарко Костовски.
Атмосферата помеѓу граѓаните на општина Бутел е позитивна. ВМРО-ДПМНЕ има голема поддрша. Тие на 15-ти јули очекуваат да победат со голема разлика.