Заедно со носителот на листата на ИЕ 2, Владо Мисајловски, и дел од Унијата на жени при општинскиот комитет Бутел, утринава го посетивме женскиот манастир “Свети Никола”, кој се наоѓа веднаш над скопското село Љубанци.
Овој манастир изобилува со убавина и спокој. Таму не пречекаа монахињите, кои не удостоија со пријатен разговор. Наша должност е да ги почитуваме верата и традицијата. Се помоливме за здравје на нашите граѓани и се обврзавме на чесно и достоинствено работење, пишува во својата објава кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2 Дарко Костовски.