сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска-Давкова на дискусија со младите пред споменикот на Гемиџиите во Скопје

Силјановска-Давкова на дискусија со младите пред споменикот на Гемиџиите во Скопје

Носителот на Изборната единица 1 Гордана Силјановска Давкова денеска одржа дискусија со младите пред споменикот на Гемиџиите во Скопје.

-Дискусија со млади пред споменикот на Гемиџиите.
Не постои подобра инвестиција од онаа во знаењето. Тоа ќе ве направи посигурни, повлијателни и покомпетитивни не само на личен план, туку и ќе придонесете за општото добро во вашето опкружување.
Сум имала прилика да видам како во САД ги спроведуваат предавањата, тоа е сосема еден друг амбиент, студентите се послободни и со поголема интерактивност.
Програмата во делот на образованието предвидува особено внимание кон афинитетите, бидејќи не сите сме исти. Оттаму, предвидените стипендии ќе обезбедат можност за оние кои имаат афинитети, а финансиски не се во можност да си дозволат наобразба. Тука особен акцент ќе се стави на магистерските и докторските студии.
#ОдбериОбнова
#Заокружи14
#ЗаПодоброОбразование, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Дискусија со млади пред споменикот на Гемиџиите.

Не постои подобра инвестиција од онаа во знаењето. Тоа ќе ве направи…

Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Tuesday, July 7, 2020

Најнови вести