среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Дојран полн со туристи за велигденските празници

Дојран полн со туристи за велигденските празници

Леглата во комерцијалниот и приватниот сектор во Дојран уште од вчера попладне се целосно се пополнети, така што од синоќа не може да се најде слободно место. Ова денеска го изјави денеска градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Според претставници на Туристичкото биро, на дојранското крајбрежје има преку 10.000 туристи.

Најголемиот број гости, посочуваат туристичките работници, се од нашата земја, а во помал број ги има и од странство, особено еднодневни туристи од Грција кои по посетата на казиното и рестораните покрај езерскиот брег се враќаат дома.